добродоjдовте во виталеда
  • WE LOVE CARS

  • WE ARE SMART GARAGE

  • WE CARE

Возењето во ЛЕР заштедува гориво !

Возењето во ЛЕР заштедува гориво !


Стара мудрост за возeње вели - кога менувачот не е во брзина, автомобилот троши малку гориво, така што секогаш по удолница вози во ЛЕР. Ова е уште еден МИТ. Бидејќи сите модерни автомобили (оние без карбуратор) имаат електронски систем за снабдување со гориво, оваа возачка претпоставката е безсмислена. Имено, кога педалата за гас не е притисната, снабдувањето со гориво автоматски се прекинува, а потоа потрошувачката е практично нула и сопирањето го врши самиот мотор.
За разлика од моторното сопирање, кога менувачот е во ЛЕР, моторот троши гориво. Тогаш потрошувачката е мала, но сепак постои. Оваа потрошувачка се мери за час и во просек е околу 0,8-1,2 литри гориво на час.
Среќен пат !