добродоjдовте во виталеда
  • WE LOVE CARS

  • WE ARE SMART GARAGE

  • WE CARE

Зошто не треба да ги возиме зимските пневматици во лето?

Зошто не треба да ги возиме зимските пневматици во лето?

Како и секоја година, кога временските услови и законските правила ќе дозволат, време е да ги замениме зимските пневматици со летни. Најдобро е да се водиме по правилото „Седум Степени“ – односно, кога температурата ќе достигне околу 7°C, летните гуми треба „да се вратат во игра“.

Летните гуми се направени од специјални гумени соединенија кои се потврди во однос на зимските. Зголемената тврдина всушност значи помала деформација на блоковите кои се дел од нагазната површина – а во лето и при повисоки температури, тоа значи многу подобри перформанси во однос на зимските гуми, како и пократки дистанци на сопирање. Тоа директно значи поголема безбедност, пониска потрошувачка на гориво, намалена бучавост и поголема отпорност на трошење на повисоки температури.
Смесата од која се изработени летните гуми е дизајнирана за широк распон на температури и различни услови на патот. Возење со зимски гуми по жежок асфалт, или пак по регионален пат по кој има ситни камчиња ќе резултира со забрзано трошење и пукнатини по нагазната површина. Токму поради мекиот материјал од кој се изработени, зимските гуми се понаклонети кон механички оштетувања.
Превземено од carclub.mk