Виталеда Стритауто ДООЕЛ е основана 2010 година од страна на искусни професионалци, кои своето работно искуство во автомобилската индустија го имаа стекнато работејќи во фирмите БОМАК интернационал увозник за Citroen, Renault ХИТ Ауто и Renault Аутомотив Груп.
Виталеда започна како сервисен центар за одржување и сервисирање на француски автомобили со 3 вработени, со основна дејност сервисирање и продажба на резервни делови за автомобилите од марките Renault, Dacia, Nissan, Peugeot и Citroen.
Виталеда во текот на изминатиот период опреми деловен простор со најсовремена опрема потребна за функционирање на еден сервисен центар од ваков тип.
Денес, со вкупно 6 вработени, 5 работни позиции, 3 двостолбни дигалки, 2 станици за сервисирање на клима уреди, дијагностика и компјутери за сите значајни марки автомобили, специјален алат сметаме дека сме подготвени за сите значајни предизвици а со тоа ја означуваме и ерата на тн мулти бренд сервисен центар.