
Исклучително сум горд и среќен што можам да кажам, Виталеда прославува 15 години од своето основање.
Поминавме низ повеќе фази во создавањето на овој сервисен центар. Голем број предизвици, професионални, општествени, кризи без можност да влијаеме врз нив, и денес со крената глава и насмевка се осврнувам и велам, пребродевме се!
Приказната има свои зачетоци далечната 1998 година во тогашниот сервис за Ситроен на Бомак Интернационал.
Оттогаш се се случуваше како на филмска лента. Клиенти, автомобили, соработници, добавувачи, сите се дел ода нашето патување.
На 9 ти декември со помош на Ring Road бендот, направивме гаражна забава за паметење. Пред безмалку 200 гости, прославивме и се заблагодаривме.
Посебни благодарници доделивме на д-р. Мики Филев, Марти Ивановски од ВЕЛМАР, Зоран Трајчевски од КРИС и ТОМ, нашата Данче Тодоровска, Спасе Томчевски, Игор Ордевски, Борис Петрушевски и на Татјана Блажевска Христоска.
Ви благодарам на сите!










