
Во Виталеда веруваме дека спортот има важна улога во развојот на секоја здрава и успешна заедница. Токму затоа со задоволство поддржуваме спортски клубови и настани кои им овозможуваат на младите луѓе да се развиваат, да стекнуваат самодоверба и преку спортот да градат вистински вредности.
Покрај ракометот, чест ни е што сме поддржувачи и на Карате клубот Олимпик, клуб кој со својата посветена работа создава генерации млади спортисти и амбасадори на спортскиот дух. Нивната работа со децата и младите претставува пример за тоа како спортот може позитивно да влијае врз личниот и спортскиот развој.
Особено ни е драго што дадовме поддршка на меѓународниот турнир OLIMPIK OPEN, одржан во април 2026 година, кој обедини повеќе од 1000 натпреварувачи од 10 држави. Ваквите настани придонесуваат за афирмација на спортот, создавање нови пријателства и размена на искуства меѓу младите, а воедно го промовираат и нашиот град и држава како домаќини на значајни спортски случувања.
Ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои создаваат можности за младите и придонесуваат за развојот на спортот, затоа што веруваме дека секој успех започнува со дадена шанса и искрена поддршка.
