Виталеда Стритауто ДООЕЛ е основана 2010 година од страна на искусни професионалци, кои своето работно искуство во автомобилската индустија го имаа стекнато работејќи во фирмите БОМАК интернационал увозник за Citroen, Renault ХИТ Ауто и Renault Аутомотив Груп.
Виталеда започна како сервисен центар за одржување и сервисирање на француски автомобили со 3 вработени, со основна дејност сервисирање и продажба на резервни делови за автомобилите од марките Renault, Dacia, Nissan, Peugeot и Citroen.
Виталеда во текот на изминатиот период опреми деловен простор со најсовремена опрема потребна за функционирање на еден сервисен центар од ваков тип.
Денес, со вкупно 6 вработени, 5 работни позиции, 3 двостолбни дигалки, 2 станици за сервисирање на клима уреди, дијагностика и компјутери за сите значајни марки автомобили, специјален алат сметаме дека сме подготвени за сите значајни предизвици а со тоа ја означуваме и ерата на тн мулти бренд сервисен центар.

Основање како Стрит Ауто, со визија за изградба на современ сервисен центар посветен во комплетност кон грижата за клиентите.

Преселба во кругот на Автомакедонија и редефинирање на сопственичката структура. Почнува периодот на ВИТАЛЕДА

Славиме 5 години. Зад нас веќе е голем број на успешно завршени проекти. Во пошироката средина во Македонија сме препознаени како сервис за Рено и Нисан.

Преселбата во новиот и сопствен сервисен центар во Маџари.

Во годината на предизвици го проширивме нашиот тим со искусни професионалци. Добивме на ширина и стабилност и безбедно патувавме низ годините на короната.

Бележиме значаен јубилеј. Базата на клиенти ни е се поголема а коментарите се подобри.
Greenfluencer GringoTrustindex потврдува дека оригиналниот извор на прегледот е Google. Брзи, ефикасни, професионални и услужливи секој пат. Ги препорачувам!Објавено на Petre RisteskiTrustindex потврдува дека оригиналниот извор на прегледот е Google. Moeto vozilo vo sigurni race. VITALEDA ☆ SIMPLY THE BESTОбјавено на Viktor HristoskiTrustindex потврдува дека оригиналниот извор на прегледот е Google. Одличен сервис, топла препорака!Објавено на Elizabeta LazarovskaTrustindex потврдува дека оригиналниот извор на прегледот е Google. Super. NajdobriОбјавено на ZD JimmyTrustindex потврдува дека оригиналниот извор на прегледот е Google. Great serviceОбјавено на Google рејтинг резултат: 4.8 од 5,
врз основа на 66 прегледи